Седлоски: Ова беше највозбудливиот меч во мојата кариера како играч или тренер

Тренерот на ФК Шкупи, Гоце Седлоски/Фото: facebook/fcshkupi

Екипата на Шкупи успеа да се пласира во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите откако на стартот го елиминираше Линколн Ред Импс од Гибралтар (3:2).

Чаирчани предводени од тренерот Гоце Седлоски во следната рунда ќе ги одмерат силите против хрватскиот првак Динамо Загреб.

Поранешниот македонски репрезентативец Седлоски со „модрите“ како играч имаше големи успеси, трипати беше шампион на Хрватска, трипати го освои Купот на Хрватска, а двапати националниот Суперкуп.

Шкупи има сигурен настап во третото квалификациско коло на Лига Европа и плеј-оф во Лигата на конференции, тоа ќе биде така доколку биде елиминиран од Динамо.

Но, доколку македонскиот шампион направи изненадување во двомечот против клубот на нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, тогаш би имал сигурен настап во плеј-фот на Лига Европа и групна фаза во Лигата на конференции.

Првиот натпревар меѓу Динамо Загреб и Шкупи ќе се игра на „Максимир“ на 19 јули, а реваншот е една недела подоцна во Скопје.

– Во целата моја кариера како фудбалер или тренер ова беше највозбудливиот натпревар за мене, иако имавме голема предност знаев дека ќе биде тешко со оглед на некои работи што се случија како проблемот со Хамиди (го загуби пасошот), вештачкиот терен и итн. Но, им честитам на моите фудбалери кои покажаа карактер и храброст на теренот. Головите секако дојдоа од нашите грешки, таквите противници за кои сите мислат дека се лесни знаат да направат многу проблеми на сите. Среќен сум за пласманот во второто коло, продолжуваме да работиме за да ги оствариме нашите цели и на најдобар начин да го претставиме ФК Шкупи – рече Седлоски по мечот со Линколн Ред Импс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот