Шкупи го преживеа гостувањето во Гибралтар и закажа пресметка со Динамо Загреб

Шкупи поразен во реваншот од Линколн/Фото: facebook.com/lincolnredimpsfc

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи обезбеди пласман во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите откако во првата рунда беше подобар од Линколн Рен Импс.
Шкупи во реваншот што се играше во Гибралтар едвај успеа да ја зачува предноста од три гола, загуби со 2:0 од Линколн.

Линколн поведе во 32 минута преку Хуанфри кој ја искористи лошата реакција на фудбалерите на Шкупи по изведениот корнер на домашниот тим. Откако топката дојде до Нано, тој шутираше, но Наумовски одби само до Хуанфи кој погоди за 1:0.

Во второто полувреме, Линколн зголеми на 2:0 во 69 минута преку Каскиеро кој со гол ја круниса одличната акција.

Во последните 20-тина минути фудбалерите на Шкупи упеаја да ја зачуваат сопствената мрежа и благодарение на триумфот од 3:0 на првиот натпревар, да обезбедат пласман во второто квалификациско коло каде ги чека хрватскиот првак Динамо Загреб за кого играат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот