Фото: Фејсбук/ QuickNews

Се жени Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка Јелена: Излезе од затвор и планира венчавка

Зоран Марјановиќ (40), поранешниот сопруг на брутално убиената српска пејачка Јелена Марјановиќ, реши да се ожени со својата со својата девојка Зорица Зока Митровиќ (36). Композиторот, кој неодамна со одлука на апелациониот суд во Белград беше ослободен од Централниот затвор, иако прво беше осуден за убиство на сопругата, сега планира свадба, пишува српски „Курир“.

Уште додека бил во затвор, тој се распрашувал за процедурата за венчавка зад решетки, а сега тоа ќе го реализира на слобода. Венчавката е планирана за пролет следната година:

– Зорица е љубовта на неговиот живот со која сака да се заветува пред Бог и народот. Ако сè биде како што замислиле, судбоносното „да“ ќе го изговорат напролет следната година. Тоа ќе биде во кругот на пријателите и кумовите, но во строга тајност. Овој пат сакаат да ја задржат интимноста само за себе. Зорица е пресреќна и едвај чека да стане госпоѓа Марјановиќ – раскажал близок пријател на Зоран. И Зорица Митровиќ потврдила дека планира со Зоран да остари:

– Со него сум со срце и душа. Засекогаш ќе бидам со него и многу го сакам. Му бев поддршка од првиот момент. Ме заболеа невистините во медиумите и решив да ја откријам вистината. Не се осврнувам на луѓето кои се обидуваат да му наштетат и да го прогласат за чудовиште и убиец. Голема неправда е направена кон Зоран. Ќе се борам со сите сили да докажам дека е невин – рекла Зорица за „Курир“.

Да потсетиме, јавноста за љубовта меѓу Зоран и Зорица дозна кога првпат беше уапсен на 15 септември 2017 година. Во куќата на Марјановиќ во Борча таа вечер била и Митровиќ, која ги нападнала полицајците.

Откако Марјановиќ излезе од Централниот затвор, го смени телефонскиот број, а на контактот познат на редакцијата не одговара.

Нов пресврт во случајот со убиената пејачка Јелена Марјановиќ

Нов пресврт во случајот со убиената пејачка Јелена Марјановиќ

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот