Нов пресврт во случајот со убиената пејачка Јелена Марјановиќ

Јелена Марјановиќ беше убиена на 2 април на насипот во белградската приградска населба Борча, каде што нејзиниот сопругот, обвинет за злосторство џогирал. Според обвинението, Зоран ја претепал сопругата. Таа паднала во насипит на реката Дунав, а следниот ден нејзното тело било пронајдено во блискиот канал.

Извештај од мобилниот оператор, чиј корисник е Зоран Марјановиќ осомничен за убиството на неговата сопруга пејачка Јелена, може да ги разниша клучните докази против него. Во извештајот кој е пристигнат во Вишиот суд во Белград се наведува дека Марјановиќ физички не го исклучил својот телефон и дека повторното вклучување на намерно исклучениот телефон би било регистрирано од телефонската мрежа.

Во ноември минатата година, судскиот експерт за телекомуникации пред судот изјавил дека Марјановиќ намерно го исклучил мобилниот телефон за време на убиството на неговата сопруга Јелена. Сепак, изјавата добиена од мобилниот оператор, која е пристигната во судот, може да доведе до пресврт во случајот, пишува српски Курир.

Јелена Марјановиќ беше убиена на 2 април на насипот во белградската приградска населба Борча. На таа локација според истраќителите џогирал и нејзиниот сопругот, обвинет за злосторството. Според обвинението, Зоран ја претепал сопругата. Таа паднала во насипот на реката Дунав, а следниот ден нејзното тело било пронајдено во блискиот канал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот