Се запали трафостаница во Струмица

Фото МИА

Денеска околу 10 часот се запали трафостаница во Струмица на улицата „Ристо Ќурчиев”, на која е причинета материјална штета.

Според информацијата од ТППЕ Струмица, во гаснењето учествувале едно против пожарно возило и тројца пожарникари. Тие го исгаснале пожарот откако од страна на ЕВН бил исклучен системот за напојување.

Пожарот бил брзо изгаснат и не е дозволено негово проширување.

Причините за пожарот дополнително ќе се испитуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот