Се урна последниот МИГ 21 на српската војска кај Лозница (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

Авион Миг -21 ИМ со евиденциски број 16185, кој се урна денеска во регионот на Лозница, во близина на границата со БиХ, бил последниот авион од овој тип во Војската на Србија, а бил користен 34 години, објави Бета.

Во прашање биле вкупни 261 авион од овој тип набавени во 1986 година за потребите на ЈНА на кој последен ремонт му е направен пред 4 години.

Воениот аналитичар Александар Радиќ за агенцијата Бета изјави дека потполно се нејасни причинити поради кој авионот воопшто бил во употреба, но и дека во Србија непотребно е создадена слика дека мора се да искористи.

„Авионот е упатен на ремонт во 2010 година и на него поминал цели 6 години, што е вобично зошто рементот претходно се мереше со месеци. Потоа е вратен во употреба, но во мај 2018 година повторно приземјен поради технички причини. Вратен е во ред на 7. мај годинава“, рече Радиќ.

Министерството за одбрана соопшти дека авионот Миг-21 на Војската на Србија кој се урна во околината на Лозница утрово е преглед на аеродромот во склад со процедурите и констатирано е дека е исправен за лет.

Во соопштението не се споменува судбината на посадата на овој двосед кој се урна, но РТС објави, повикувајќи се на неофицијални информации, дека во несреќата можеби има и загинати.

Според неофицијални информации, едниот пилот загинал, а по другиот се трага.

РТС исто така јави дека повреден е и мештанин во чиј двор паднал авионот и тој е префрлен во болницата во Лозница и неговата состојба е стабилна. Имал изгореници на градниот кош, главата и рацете.

Локалните жители велат дека авионот летал над селото утрово, а во еден момент летал многу ниско, малку над покривите на куќите.

– Отпрвин се слушаше силен звук од авионот и леташе ниско, јас и сопругата излетавме од куќата, изгледаше безопасно, се боршев, се вртеше. Потоа падна, па се крена силен чад, и веднаш отидов со автомобилот…тоа се случи за многу кратко време, изјави за РТС еден од мештаните.

(Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот