Се шират шпекулации за здравствената состојба на Ким Џонг Ун

Голем е интересот на светските медиуми за здравствената состојба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Дел од таблоидните медиуми, веќе пишуваа за смртта на Ким Џонг Ун. „Дејли меил“, повикувајќи се нa гласини од кинески медиуми, пишува дека Ким Џонг-ун веќе починал. И тој, но и други онлајн медиуми, паралено ја пренесуваат и веста од јапонски медиуми дека севернокорејскиот лидер е во „вегетативна состојба“.

Севернокорејските медиуми, пак, кои се под строга државна контрола, засега молчат.

А информација за здравствената состојба не може да се најде ниту во медиумите како што се „Би-би-си“, „Гардијан“, „Ројтерс“…

Последната вест која е објавена е дека Кина испратила делегација во Северна Кореја, во која се вклучени и здравствени експерти, за да го советуваат Ким Џонг-ун.

Информацијата ексклузивно ја објави „Рoјтерс“, повикувајќи се на три извори упатени во ситуацијата.

„Патувањето на кинеските лекари и службени лица доаѓа во време кога има спротивставени извештаи за здравствената состојба на севернокорејскиот лидер. ‘Ројтерс’ не беше во можност да утврди што значи катувањето на кинескиот тим во однос на здравствената состојба на Ким“, пишува „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот