Се шират гласини: Лејди Гага ќе ја игра Харли Квин во вториот дел на „Џокер“

лејди гага
Фото: EPA-EFE/Принтскрин ИМДБ

Лејди Гага е во преговори да глуми заедно со Хоакин Феникс во продолжението на „Џокер“, во режија на Тод Филипс, пренесуваат странските медиуми. Првиот дел на култниот филм доби Оскар во 2019 година, а хитот на продукциската куќа заработи повеќе од милијарда долари.

Режисерот Тод Филипс го потврди продолжението на „Џокер“: Хоакин Феникс веќе го чита сценариото!

Филипс го пишуваше сценарио со ко-сценаристот на „Џокер“, Скот Силвер. Минатата недела Филипс го откри насловот на новиот проект на социјалните мрежи – „Joker: Folie à deux“ – наслов што се однесува на медицински термин за идентично или слично ментално нарушување кое влијае на две или повеќе луѓе, обично членови на истото семејството. И додека истата објава на социјалните мрежи покажа дека Феникс го чита сценариото, учеството на актерот се уште не е потврдено – извори за „Hollywood Reporter“ велат дека студиото „Worner“ допрва треба да потпише договор со актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by fábio 🙂 (@fabxycoven)

Дали Лејди Гага ќе се приклучи на екипата?

Деталите за нејзиниот лик се чуваат во строга тајност, но Џокерот е познат по неговата насилна врска со Харли Квин, неговата психијатарка во менталната институција позната како Аркам, која се вљубува во него и станува негова помошничка и партнерка во злосторствата. Не е јасно дали Филипс и компанијата ќе користат други ликови од стриповите на „DC“ или ќе создаваат нови, како што правеа во нивниот прв филм. Доколку се постигне договор, Гага би ја глумела Квин што ја толкуваше Маргот Роби во „Suicide Squad“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Тоа не е сè. Другиот дел од филмот би требало да биде мјузикл – што дополнително ги зајакнува гласините дека Гага навистина би можела да биде дел од филмот. Продуцентот на новиот „Џокер“ беше и продуцент на римејкот „A Star Is Born“, во кој Гага ја имаше главната улога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот