Се сеќавате на Ранду и Касандра? Еве како изгледа денес познатиот фрлач на ножеви
Веројатно не постои човек кој не се сеќава на латиноамериканската теленовела „Касандра“ која беше една од најгледаните серии на сите времиња на нашите простори.
Приказната за Касандра, Игнасиј, Луис Давид, Ранду, Доринда и другите херои кои се бореа за љубов, пари, брак, за многумина беше омиленото време поминато пред малите екрани.
View this post on Instagram
Славниот Ранду, на кого Касандра му беше ветена невеста, беше вљубен во неа до смрт.
Актерот кој го играше Ранду се вика Хенри Сото и денес има 60 години, а судејќи според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, веќе дури и не личи на славниот лик од серијата.
View this post on Instagram
Иако го паметиме по неговата долга црна коса и марами, Хенри денес има пократка седа коса, а има и брада и мустаќи.
View this post on Instagram
Сепак, дури и по толку многу години, многумина го поврзуваат со Касандра, а тој самиот очигледно никогаш нема да ја заборави серијата со која се прослави, па често објавува видеа и фотографии од тоа време.
Денес, Хенри игра во театар и се занимава со хуманитарна работа.
ФОТО | Познатата Касандра проговори за борбата со туморот: Не ми е лесно, се плашам!