ФОТО | Познатата Касандра проговори за борбата со туморот: Не ми е лесно, се плашам!

Instagram
Instagram

Венецуелската актерка Кореимa Торес, која се стекна со слава со улогата на Касандра во истоимената серија, пред три години ѝ биле дијагностицирани бенигни тумори на дојката, поради што сега оди на редовни прегледи.

Кореимa објави фотографија од прегледот на својот инстаграм – профил и апелираше до сите жени да се грижат за своето здравје и да прават прегледи најмалку еднаш месечно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)


„Почнав со прегледи минатата недела. Сакам да ве известам дека мојата мамографија и ултразвук на дојка поминаа добро. Поради туморот, морам да се прегледувам на секои шест месеци“, напиша познатата актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)


„Кога самата ќе направам преглед со допир, не ми е лесно, затоа што секогаш сум исплашена. Но, важно е да се испитате, дури и еднаш месечно. Одлично е да се разбере дека прегледите извршени на време можат да ви го спасат животот“, изјавила славната актерка.

Актерката е многу активна на социјалните мрежи и секој ден објавува фотографии во кои ги опишува своите секојдневни активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот