Се прават пресметки за зголемување на мартовските пензии

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски информираше дека во постапка се пресметките за раст на мартовските пензии.

-Веќе се добиени податоци од Завод за статистика каде што точно по формула треба да се пресметаат. Започнати се и согласно закон, според формулата ќе се пресмета покачувањето, рече Велковски при денешната посета на поранешниот објект на ЈУ за згрижување и воспитување на деца и младинци „Ранка Милановиќ“.

На новинарско прашање колку би било покачувањето, техничкиот министер нагласи дека со конкретни бројки ќе излезат кога ќе завршат сите работи.

-Во овој момент да не зборуваме за бројки. Конкретни да бидеме. Ќе излеземе со бројките. Да бидеме конкретни, да оставиме граѓаните да не шпекулираат меѓу себе колку и зошто, рече тој.

Согласно методологијата за раст на пензиите, предвидено е да има покачување двапати годишно, во март и септември.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот