Сè помалку парови се одлучуваат за брак, а бројот на разводи е сè поголем
Државниот завод за статистика објави дека во третото тримесечје од 2025 година е забележан пад на бројот на склучени бракови, но истовремено значително е зголемувањето на разводите.
Препорачано
Во периодот јули–септември биле регистрирани 3.514 нови бракови, што претставува пад од 2.8 проценти во споредба со истиот период во 2024 година.
Паралелно, евидентирани се 470 разводи, односно 27.7 проценти повеќе отколку лани, што го потврдува трендот на растечка бракоразводност.
Во третото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца изнесува 4.431 и во споредба со истиот период од 2024 година е зголемен за 3,7%.
Бројот на умрените лица, бележи намалување од 0,5% во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.849 лица. Од нив, 20 се починати доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -418 , што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
4час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


