Се појави доказ дека Нејмар е близу до враќање во Барселона

EPA-EFE/NEIL HALL

Сагата околу евентуалниот трансфер на Нејмар од ПСЖ и Барселона никако да заврши, секојдневно излегуваат нови информации дека работата е завршена, дека нема ништо од преселбата, и така цело лето медиумите се во недоумица поради разните приказни околу Бразилецот.

Овој пат, екслузивната информација ја објавија каталонските медиуми, поточно весникот „Спорт“ кој објави дека дошол до доказ со кој се потврдува дека Нејмар е на чекор до Барселона.

Според “Спорт“, Барселона го контактирала спонзорот “Најки“ и му порачале да почнат со производство на дресови на Нејмар и тоа во големи количини.
Летниот преоден рок трае до 2 септември и во Барселона се сигурни дека ќе успеат да го вратат Нејмар на „Камп Ноу“ иако сите досегашни понуди, ПСЖ ги одби.

Барселона во желбата да ги исполни барањата на ПСЖ од најмалку 100 милиони евра во кеш плус некој фудбалер, на Јувентус му го понуди својот напаѓач, Луис Суарез. Јувентус сè уште не успева да ангажира нов напаѓач за идната сезона, нивна желба е Мауро Икарди но Интер не сака да го продаде на директниот конкурент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот