СЕ ОТВАРА ГРОБНИЦАТА ПО 85 ГОДИНИ: Дали Џон Дилинџер успеал да ги измами сите?

Властите на американската сојузна држава Индијана одобрија ексхумација на познатиот гангстер Џон Дилинџер, која ја бараше неговото семејство сомневјаќи се дека Дилинџер бил погребан во Индијанаполис.

Дилинџер (1903 – 1934) бил познат гангстер во 30-тите години, а американското Федерално истражно биро (ФБИ) во тоа време го опишало како „жесток крадец“ кој редовно бил на насловните страници на тогашните весници.

Дилинџер бил убиен во 1934 година од страна на полицијата. Бил погребан на гробиштата Краун хил во Индијанаполис. Но, некои членови на неговото семејство се сомневаат во полициската верзија на убиството.

Внуката на гангстерот, Керол Томпсон, тврди дека има информации за човек кој тогаш се претставил како Дилинџер и кого полицијата го убила, но дека тој не бил нејзиниот чичко. Како доказ, таа ги навела бојата на очите и отпечатоците од прстите.

„Мислам дека е важно да се знае дали Дилинџер живеел подолго од датумот кој е наведен за неговата смрт, а тоа е 22 јули 1934 година. Ако не е убиен тогаш, би сакала да знам што му се случило, каде живеел, дали имал деца, внуци и дали некој од нив е жив“, навела таа.

ФБИ наведува дека нејзината верзија изгледа како теорија на заговор. Ексхумацијата би требало да се изврши на 31 декември.

Управата на гробиштата, сепак, се противи на одлуката, па изгледа целиот случај ќе заврши на суд.

Дилинџер бил познат по ограбувањето на банки и организирањето бегства на други гангстери од затвор во времето на Големата депресија во САД. Бил најпознат гангстер на своето време и една од иконите на американската култура на 20. век. За него се напишани многу книги, а снимени се и филмови и телевизиски серии.

На големото платно го играше актерот Џони Деп во филмот „Public Enemies” (2009).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот