Се огласи Том Хенкс од карантин откако се зарази со коронавирусот (ФОТО)

Холивудскиот глумец Том Хенкс и неговата сопруга, глумицата Рита Вилсон, се заразени со новиот коронавирус Ковид-19. Откако синот на актерот, Чет Хенкс посвети објава за состојбата на неговиот татко, денеска и самиот оскаровец се огласи на својот инстаграм-профил со порака со која им се заблагодарува на луѓето за поддршката што им ја даваат.

Рита и јас сакаме да им се заблагодариме на сите коишто се грижат за нас. Имаме Ковид-19 и во изолација сме за да не заразиме никого. Во наша близина има луѓе кај кои, доколку ги заразиме, тоа би можело да помине во сериозна болест“, напиша Хенкс и додаде:

Одиме ден по ден. Постојат работи кои сите можеме да ги направиме за да ја пребродиме оваа ситуација, така што ќе ги следиме советите на експертите и ќе се грижиме едни за други. И запомнете, и покрај сите моментни случувања, нема плачење во бејзболот.“

Хенкс вчера ја извести јавноста преку неговиот инстаграм-профил дека откако тој и неговата сопруга Рита се чувствувале „малку изморено, како да се настинати“, веднаш одлучиле да се тестираат за вирусот и дознале дека се позитивни на Ковид-19.

Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, која е позната американска пејачка и актерка, патуваа низ различни локации во Австралија и имаа објавено повеќе фотографии на неколку локации на нивните инстаграм-профили. Тие го посетија и Сиднеј, каде Рита имаше свој настап во реномираната Сиднејска опера изминатиот петок, а откако се дозна дека се заразени, институцијата веднаш беше дезинфицирана.

Во меѓувреме, во хотелот „Парк Хајат“ во Австралија каде што бил сместен парот, престојувала и познатата пејачка и идна мајка Кети Пери која беше фатена од папараците како „бега“ од местото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот