Синот на Том Хенкс откри во каква состојба се неговите родители кои се заразени од коронавирус

Актерот Том Хенкс (63) пред неколку часа објави дека тој и неговата сопруга, актерка и пејачка Рита Вилсон, се позитивни на коронавирусот.

Брачниот пар моментално се наоѓа во карантин во Австралија, за што актерот ја извести јавноста преку Твитер и со тоа стана првата холивудска ѕвезда која објави дека боледува од коронавирус.

Синот на Том Хенкс и Рита Вилсон, Чет Хенкс, се огласи преку видео порака, во која вели дека се ќе биде во ред со неговите родители, како и тоа дека неодамна се слушнал со нив.

– Здраво на сите. Да, точно е, моите родители имаат коронавирус. Двајцата се во Австралија моментално, бидејќи мојот татко снимаше филм таму. Предмалку се слушнав со нив, и двајцата се добри, дури не се ниту толку болни. Не се загрижени, нема да патуваат, но ќе поминат низ потребната медицинска процедура – објасни синот на актерот.

– Не мислам дека ова е нешто за што треба да бидеме толку загрижени, но ја ценам сечија загриженост и позитивни желби. Мислам дека се ќе биде во ред. Ви благодарам, останете добро – порача Чет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот