63-годишниот оскаровец е моментално во Квинсленд снимајќи филм за Елвис Присли.
Хенкс на неговиот инстаграм-профил напиша дека откако тој и неговата сопруга Рита се чувствувале „малку изморено, како да се настинати“, веднаш одлучиле да се тестираат за вирусот и дознале дека се позитивни на Ковид-19.
Актерот истакна дека сега се лекуваат и ќе останат во изолација колку што е потребно.
Хенкс и Вилсон, која е позната американска пејачка и актерка, патуваа низ различни локации во Австралија и имаа објавено повеќе фотографии на неколку локации на нивните инстаграм-профили. Тие го посетија и Сиднеј, каде Рита имаше свој настап во реномираната Сиднејска опера изминатиот петок.
Локалните власти известуваат дека во моментов се проверува со кој се сè сретнал парот изминатата недела, за лицата да бидат да бидат тестирани и изолирани во карантин.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Повеќе од еден век, во семејството Радевски се пренесува една топла приказна – приказната за бурекот. Таа започнала со дедо Божин Радевски од Бабино, продолжила преку неговиот внук Ристо Радевски и денес живее преку синовите на Ристо – браќата Јован и Никола Радевски, основачи на „Бурек брадерс“ во Сиднеј. Добиј ги најважните вести, бесплатно на …
Зад нас е уште еден возбудлив ден на Светското првенство, во кој Франција и Норвешка стартуваа со победи, Лионел Меси блесна со хет-трик во победата на Аргентина, а Австрија ја запиша првата мундијалска победа по 36 години. Рекордниот број нерешени резултати уште еднаш ја потврди израмнетоста на турнирот, голманот Возиња стана вистинска светска сензација по …