Кети Пери побегна од хотелот во кој беше Том Хенкс, кој е заразен со коронавирус! (ФОТО)

Идната мајка Кети Пери (35) отпатува од Австралија откако престојуваше во истиот хотел како Том Хенкс (63) и неговата сопруга Рита Вилсон (63) кои се заразени со коронавирус.

Кети Пери ја скрати турнејата во Австралија откако изби паника поради коронавирусот.

Пејачката е видена како излегува од автомобилот и оди накај аеродромот во Сиднеј на 12 март.

Таа носи сива тренерка и дуксер. На рацете имаше ракавици, а на главата качулка и слушалки.

Profimedia

Со перница ја имаше покриено устата, на очите имаше црни наочари, а на нозете едноставни и удобни патики.

Со оглед на тоа дека неодамна откри дека наскоро ќе стане мајка и со Орландо Блум (43) го очекува своето прво дете, повеќе од логично е дека се обидува да се заштити од вирусот кој владее низ светот.

Кети 24 часа била заробена во хотелот „Парк Хајат“ во Сиднеј. Тоа е истиот хотел во кој беа Том Хенкс (63) и неговата сопруга, пејачката Рита Вилсон (63), кои се првите холивудски ѕвзеди позитивни на коронаворусот.

Нејзиниот вереник Орландо Блум исто така мораше да го промени својот распоред. Снимањето на втората сезона од неговата емисија е прекинато и одложено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот