„Си одиме дома“: Орландо Блум откри дека снимањето на неговата серија е прекинато поради коронавирусот
Актерот Орландо Блум се огласи од Прага и откри дека снимањето на серијата „Carnival row“, во која тој игра, откажана е поради страв од актуелниот коронаворус.
Холивудската ѕвезда на Инстаграм објави кратко видео, преку кое вели дека тој и остатокот од екипата на ова остварување се слободни да си одат дома.
Препорачано
– Ова е довидување од нас, бидејќи одиме дома во карантин. Одиме дома, во САД, барем јас одам дома во Америка, бидејќи сакаме да стигнеме таму што побргу. Среќно на сите, бидете безбедни, во самоизолација. Оваа ситуација со короната делува лудо, но направете ја вистинската работа и заедно со семејствата останете дома – порача Орландо.
За потсетување, претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе им го забрани влезот во САД на сите кои доаѓаат од земјите од Европа. Оваа мерка ќе почне да важи од петок на полноќ.
Исто така, како што знаеме од порано, СЗО прогласи пандемија на светско ниво поради коронавирусот.


