Се огласи сестрата на Бритни Спирс: Ја поддржував пред било кој од вас
Последните денови, вниманието на медиумите беше насочено кон помладата сестра на Бритни Спирс, Џејми Лин Спирс. Фановите на пејачката ја нападнаа затоа што таа во ниту еден момент не застанала на страната на својата сестра.
Да потсетиме, Бритни Спирс во моментов води животна битка. По 13 години под старателство на нејзиниот татко, пејачката се обидува да ја врати контролата над сопствениот живот, но и над своите финансии.
View this post on Instagram
Џејми конечно се огласи на својот инстаграм – профил со цел да стави крај на шпекулациите и да негира одредени обвинувања.
Прво, таа во емотивна видео порака рече дека не сака ништо друго освен среќа за нејзината сестра, секогаш е покрај неа и дека секогаш ќе ја поддржува.
– Одамна се оддалечив од деловните потези на Бритни. Бев зафатена со работа на сопствената кариера, но секогаш ја поддржував – изјавила Џејми.
View this post on Instagram
Имајќи предвид дека многумина пишуваа и дека таа профитирала од богатството на ѕвездата, кое во моментов се проценува на 60 милиони долари, сестрата на Бритни се осврна и на овие обвинувања.
– Јас ги плаќав моите сметки од мојата десетта година. Не е дека ѝ должам нешто на јавноста, бидејќи сестра ми знае дека ја сакам и ја поддржувам… Јас не сум моето семејство. Јас сум јас. И зборувам во мое лично име – објаснила таа.
View this post on Instagram
– Можеби не ја поддржував на начин на кој јавноста би посакала, со хаштаг на јавна платформа, но можам да ве уверам дека ја поддржувам сестра ми многу пред постоењето на хаштагот и дека ќе ја поддржам долго потоа, продолжи Џејми.
View this post on Instagram
– Единствената причина зошто не зборував беше тоа што чувствував дека сè додека сестра ми не е во можност да зборува во свое име и да го каже она што чувствува во јавноста, не останува на мене да зборувам. Но, сега кога зборуваше и откри сè многу јасно, мислам дека можам да го следам нејзиниот пример и да го кажам она што го чувствувам. Од денот кога сум родена, ја сакав, обожавав и ја поддржував мојата луда голема сестра, пред било кој од вас, продолжи Џејми.
View this post on Instagram
– Не ми е важно дали сака да избега во прашума и да роди илјада бебиња, или сака да се врати и да управува со светот како што тоа го правеше многу пати, затоа што тука не можам се мешам, ниту можам да добијам или изгубам ништо, продолжи Џејми.
View this post on Instagram
– Ја поддржувам сестра ми сто проценти, ја сакам и секогаш било така и ќе биде. Сè додека е среќна. Па да продолжиме да се молиме. Тоа е сè, го завршила Џејми своето обраќање до јавноста.
По минатонеделното сослушување на кое побара 13-годишното старателство да престане, Бритни одлета на Хаваите со своето момче Сем Азгари.
View this post on Instagram
Останува да видиме што ќе се случи во тој случај, иако е повеќе од јасно е дека Бритни има силна поддршка и дека нејзиниот татко овој пат нема да може толку лесно да го прави она што го сака.