Фото: Stefan Cuba Cubalevski/FB

Се огласи македонскиот судија кој беше нападнат во Србија: Повторно би ја донел истата одлука

Maкедонскиот боксерски судија, Стефан Цубалевски кој беше нападнат на натпреварувањето во Србија од страна на тренерот од Азербејџан се огласи преку неговиот Фејсбук профил.

Инцидентот се случи во финалниот меч во категоријата до 75 килограми, каде што силите ги одмерија Агакишијев од Азербејџан и српскиот претставник Виктор Мајсторовиќ. Тренерот на Азербејџанецот прво бурно реагираше вербално на одлуките наа македонскиот судија, а потоа и физички го нападна Цубалевски.

Во објаватаа на социјалните мрежи Цубалевски потенцираше дека повторно би ја донел истата одлука бидејќи е убеден дека постапил исправно.

„Eдно мое кратко излагање околу вчерашниот немил настан.

„Во периодот од 23.07 до 27.07. 2025 г. во Златибор – Р. Србија се оддржа Европско првенство за кадети – празник за спортот. Европско првенство кое беше организирано на високо ниво од страна на домаќинот, беше перфектно се до оној момент, последната борба на ова првенство меѓу репрезентативците на Србија и Азербејџан, кое требаше да биде шлаг на врвот. Гледам различни мислења по сите порталите. Па, да појаснам, за оние кои не се упатени толку во овој спорт, јас сум судија од највисок ранг, ИБА судија 3 ѕвезда. Боксерот на Азербејџан од моја страна беше предупреден со интерни опомени 4 пати, каде што морав да реагирам со јавна опомена, по која му беше одземен бод поради неправилни и широки удари со отворениот дел на ракавицата (фрљотки). Веднаш по ова неговиот тренер влезе во рингот да се пресмета физички и ме фати за кошулата, фала ви на сите пријатели што се јавивте, немам никаква повреда, ни видлива ни потешка. За оние кои ми го поставивте прашањето зашто не му врати, според правилата на ИБА (Меѓународната бокс асоцијација) доколку вратам и јас ќе бев суспендиран. Вака, тренерот го извлече подолгиот крај и истиот е суспендиран, а на неговиот боксер кој требаше да земе сребрен медал, му е одземен медалот од страна на ЕУБЦ (Европската бокс конфедерација). Ваквите несовесни луѓе треба да се искоренат од спортот, местото на нив не им е во спорот, посебно во најинтелектуалната боречка вештина која треба на неговите ученици да ги учи да не шират насилство, а не спротивното“, вели Цубалевски и додава:

„И ако ме прашате дали би ја донел истата одлука и во иднина, да би ја донел затоа што мојот одземен бод е со право одземен, затоа погледнете ја снимката подолу, зошто му е дадена јавна опомена на азербејџанскиот боксер, односно одземен бод. Ова е олимписки спорт кој има правила, а не кафанска тепачка“!

ВИДЕО | Скандал во Србија: Тренер давеше македонски судија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот