ВИДЕО | Скандал во Србија: Тренер давеше македонски судија
Голем инцидент го одбележа финалето на Европското младинско првенство во бокс што се одржуваше на Златибор, Србија. Македонскиот судија Стефан Цубалевски беше физички нападнат од тренерот на азербејџанскиот боксер Јусуф Агакишијев.
Препорачано
Инцидентот се случи во финалниот меч во категоријата до 75 килограми, каде што силите ги одмерија Агакишијев од Азербејџан и српскиот претставник Виктор Мајсторовиќ. Тренерот на Азербејџанецот прво бурно реагираше вербално на одлуките на судијата, а потоа влезе во рингот и физички го нападна Цубалевски кого го давеше и го удираше, пред очите на публиката во која имаше и многу деца.
Борбата веднаш беше прекината, а азербејџанскиот боксер дисквалификуван. Златниот медал му припадна на српскиот боксер Виктор Мајсторовиќ. Инцидентот фрли сенка врз спортскиот дух на настанот и предизвика бројни реакции во спортската јавност.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
22мин
-
34мин
-
36мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


