Се обновува хоризонталната и вертикалната сигнализација во Реонскиот центар

Општина Аеродром деновиве врши обележување и обновување на хоризонталната и вертикалната сигнализација на улиците и паркинзите во Реонски центар.

– Службите работеа на обновување на сигнализацијата пред основното училиште „Александар Македонски“ и градинката „Сонце“. Постојано работиме на подигање на безбедноста во сообраќајот и апелираме да се почитуваат пропишаните правила – апелираат од Општина Аеродром.

Деновиве, екипи на општината, работеа и на заменување на старите и оштетени канти за отпадоци во паркот „Јане Сандански“ со нови.

– Во периодот кој следува ќе биде извршена санација на клупите и другите елементи во овој парк. Апелираме до граѓаните на совесно однесување кон урбаната опрема и на фрлање на отпадот строго на обележаните места со цел зачувување на чистата и здрава животна средина – велат од оваа скопска Општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот