Се обложи дека неговиот тим ќе прими пет голови (ФОТО)

EPA/ADAM CIERESZKO

Екипата на Хамбургер е можеби и најголемиот „губитник“ оваа сезона, во последното коло од втората Бундеслига ги разочара своите навивачи со домашниот пораз од 1:5.

Во нивни прилог одеше и поразот на Хајденхајм, но наместо истиот да го искористат пропуштија голема шанса да се борат за враќање во елитата.

Еден од фановите на Хамбургер уплати во обложувалница на точен број голови колку ќе прими токму неговиот клуб.

Поради неколку претходно лошо одиграни натпревари, еден навивач уплати дека на овој меч гол ќе постигне Дикмејер (реализиран во 93 минута) и дека воедно дека Хамбургер ќе прими пет голови.

Уплати пет евра, на крајот дојде до добивка од 780 евра. Овој обложувач сигурно нема толку да жали поради болниот срам на екипата која и следната сезона ќе игра во Цвајта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот