Чурлинов ќе ја претставува Македонија во Бундеслигата (ВИДЕО)

фото: фејсбук

Денеска и официјално заврши регуларниот дел од сезоната и во втората Бундеслига, во последното 34 коло Штутгарт дома загуби од Дармштад со 1:3.

Кај домаќините настапи Дарко Чурлинов од 40 минута, а 120 секунди подоцна прво ја украде топката, придонесе да креира опасен контранапад и придонесе во акцијата за израмнување, стрелец беше легендарниот Марио Гомез.

На крајот гостите се радуваа на трите бодови, иако со играч помалку од 66 минута при водство од 1:2, постигнаа уште еден гол во самиот финиш од средбата преку Кемпе.

На конечната табела првото место го освои Арминија Билефилд (68 бодови) и заедно со второпласираниот Штутгарт (58) следната сезона ќе играат во најсилната Бундеслига.

Борба се водеше за третата позиција која носи плејоф и последна шанса за учество во најсилното германско првенство. Во таа битка Хајденхајм ќе се соочи со Вердер Бремен кој заврши на 16 место во елитата.

Иако Хајденхајм (55) загуби со 3:0 на гостувањето кај Арминија Билефилд, на крајот е третопласиран благодарение на неочевакуно високиот пораз на Хамбургер од дури 1:5 од Сандхаузен и крајно ги разочара своите навивачи. На крајот Хамбургер (54) остана со празни раце и заврши на четвртата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот