„Се надевам дека Ковачевски не е заложник на ДУИ“, вели Трајанов откако премиерот спомна заложништво од Левица

Павле Трајанов - политичар / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

„Во врска со нападите од премиерот Димитар Ковачевски, нагласувам дека во текот на вчерашниот ден гласав за повеќе закони и одлуки, но имаше паузи, при што присутното мнозинство пред да влезам во салата каде се одржуваше седницата го гласале и Договорот со ФРОНТЕКС, кој целосно го поддржувам“, изјави денеска пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов, кој вчера ја напушти владејачката коалиција и најави дека ќе дејствува како опозиција во Собранието.

Коментирајќи го потегот на Трајанов, Ковачевски денеска рече дека „се надева оти Трајанов нема да стане заложниик на Димитар Апасиев како што е Христијан Мицкоски“.

Довчерашниот коалициски партнер на Ковачевски имаше коментар и за тој дел од изјавата на премиерот.

„Инаку, околу моето наводно заложништво кон Левица, тоа е ниско ниво на „комуникација“ и на ист начин можам да изјавам дека „се надевам дека господинот Ковачевски не е и нема и понатаму да биде заложник на водството на ДУИ“,“, вели Трајанов.

„Како и досега, немам намера никого да дискредитирам, но подготвен сум да учествувам во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата“, додава тој во реакцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот