Се кастрат гранки кои го попречуваат движењето на автобусите

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ ги кастреа гранките на дрвјата кои го попречуваа сообраќањето на автобусите.

– По пријава од диспечерскиот центар на ЈСП „Скопје“ на улицата 11 Октомври за навалени гранки и отежнато движење на двокатните автобуси по коловозот, екипа од Дрвореди изврши интервенција на посочената локација, при што се направи поткастрување и на останатите крошни долж улицата – информираат од ова јавно претпријатие.

Истовремено деновиве ЈП „Паркови и зеленило“ на Водно, извршија и кастрење на нискостеблестата вегетација, заради поголема видливост и безбедност на посетителите покрај патот на парк шумата, потег од комплекс Панорама до Средно Водно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот