СДСМ со пратеник плус во Собранието, по оставката на Богдановски

Партијата СДСМ од денеска има пратеник плус во Собранието, односно пратеничката група. Пратеникот од ДОМ, Мирослав Богдановски поднесе оставка од функцијата којашто е констатирана и потврдена и од страна на ДИК.

Следна пратеничка на листата која станува пратеник е од СДСМ, Даниела Николова, со што партијата ќе има еден пратеник повеќе во парламентот.

Пратеничката и претседателка на партијата ДОМ, Маја Морачанин во денешното гостување на „Утрински брифинг“ изјави дека во ДОМ сѐ уште има внатрепартиски разлики и тоа не е ништо ништо страшно ако постојат различни мислења.

– Денеска сум известена дека пратеникот Мирослав Богдановски си поднел оставка од Парламентот, и јас не сум ја видела, но имаме седница на Парламентот и веројатно ќе биде ставена да се констатира на пленарна собраниска седница, тоа е процедурата, рече Морачанин.

Таа нагласи дека од него нема директна информација за оставката, туку за тоа била известена од собраниските служби.

– Веројатно тој ќе си ги образложи причините за оставката, рече Морачанин.

Пратеникот Мирослав Богдановски минатиот месец беше разрешен од потпретседателската функцијата на ДОМ по што продолжи да делува во рамки на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Пратеникот Мирослав Богдановски од ДОМ поднесе оставка, не ја известил колешката и претседателка Морачанин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот