Пратеникот Мирослав Богдановски од ДОМ поднесе оставка, не ја известил колешката и претседателка Морачанин

Во ДОМ се уште има внатрепартиски разлики, и тоа не е ништо ништо страшно ако постојат различни мислења, вели пратеничката и претседателка на партија Маја Морачанин во денешното гостување на Утрински брифинг одговарајќи на прашањето на актуелните внатрепартиски превирања.

-Денеска сум известена дека пратеникот Мирослав Богдановски си поднел оставка од Парламентот, и јас не сум ја видела, но имаме седница на Парламентот и веројатно ќе биде ставена да се констатира на пленарна собраниска седница, тоа е процедурата, рече Морачанин.

Таа нагласи дека од него нема директна информација за оставката, туку за тоа била известена од собраниските служби.

-Веројатно тој ќе си ги образложи причините за оставката, рече Морачанин.

Пратеникот Мирослав Богдановски минатиот месец беше разрешен од потпретседателската функцијата на ДОМ по што продолжи да делува во рамки на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Покрај Богдановски ДОМ ја разреши и потреседателката Ана Петровска која е директорка на Државниот инспекторат за заштита на животната средина откако тие покренаа иницијатива за вонреден конгрес со образложение дека на партијата ѝ се потребни промени во начинот на организирање и функционирање, како и воведување групно претседавање преку ко-претседатели, со цел ДОМ да дејствува налик на Европските Зелени каде што и членува.

Мирослав Богдановски од ДОМ е вториот пратеник кој на клучната собраниска седница во април за усвојување на економските мерки од петтиот владин пакет се појави во скафандер што наиде на остри реакции од опозицијата во парламентот.

ДОМ ги разреши потпретседателите Петровска и Богдановски

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот