ВИДЕО | Морачанин: Фонд за животна средина веднаш

Потребно е да има еколошки такси/еколошки данок. Во таа смисла и ова дополнително воведување што би означувало дополнителен данок на горивата, бензин, дизел – фосилни горива, а целта на „зелените“ и генерално на целата ЕУ е да се напушти користењето на фосилните горива, како јаглен или нафта, а да се преминува на користење на обновливи извори на енергија, пред се сонце и ветер. Тоа е целта која треба да се постигне, изјави во Утрински брифинг претседателката на ДОМ и пратеничка во Собранието на Македонија, Маја Морачанин.

– Мора да се обрне внимание на социјалниот аспект, да не биде удар само врз граѓаните, туку основниот принцип во овие промени е загадувачот плкаќа. Значи оние кои најмногу загадуваат тие мора да понесат и најголем терет во промените.

Со години наназад бараме воведување на Фонд за животна средина. Не е само таксата од горивата. Има многу основи кои се оданочуваат точно заради заштита на животната средина, како некој вид на еколошки данок, но тие потоа одат во заедно во Буџетот и потоа немаме претстава за што се трошат и каде се трошат, како и дали намената со која се собирани потоа е истата и за трошење.

Затоа мора да се обезбеди да се формира таков фонд каде ќе се собираат сите овие средства кои се однесуваат за животна средина. Пологично е прво да се направи Фондот и до сега тоа требаше да се направи, додава Морачанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот