СДСМ - партиска зграда / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ

„Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни со повратот на ДДВ кон фирмите и граѓаните. Наместо да ја заврши работата на институциите, Мицкоски им порача на фирмите кои чекаат со месеци да му се јават нему лично“, пишува во реакцијата на СДСМ.

„Ова е уште една потврда дека државата е претворена во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде наместо институционални решенија, на граѓаните и компаниите им се нуди партиски телефон на премиерот. Срамно е премиер на една држава да им порача на граѓаните и фирмите кои со месеци чекаат свои пари дека „ако имаат проблем, нека му се јават”. Ова не е приватна фирма на Мицкоски, туку држава со закони и институции, кои денес се ставени во служба на неговата пропаганда, а не на народот“, велат од опозициската партија.

Додека фирмите чекаат пари за да исплатат плати и да опстанат, Мицкоски шета по автопати и дели изјави дека „немало проблем”. Најмалку што може да направи е да ги забрза исплатите и да им се извини на сите на кои државата им должи. Граѓаните и фирмите не му должат ништо на Мицкоски за да му се јавуваат – тој им должи, додаваат од СДСМ.

Кој има проблем со ДДВ да му ѕвони на Мицкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот