СДСМ: Мицкоски да ја прекине блокадата, повлекувањето на Ленин е игра на ВМРО-ДПМНЕ

Од владејчката СДСМ соопштија дека повлекувањето на директорот на здружението, Ленин Јовановски од протестите е „само игра на ВМРО-ДПМНЕ“ и дека блокадите на Скопје и хаосот со јавниот превоз се политичка режија на лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.

„Заради лични и бизнис интереси, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во заложништво го држат главниот град.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат сите механизми да ја прекинат блокадата и тоа треба да го сторат веднаш.Теророт врз граѓаните мора да престане веднаш, а Мицкоски треба да се сокрие од срам за тоа што свесно и намерно му го прави на градот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Првиот човек на здружението на приватни автобуски превозници „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, денеска најави дека лично се повлекува од протеститеи блокадите во Скопје – ќе ги остави самите превозници да протестираат бидејќи неговото име се користело за политички цели.

Јовановски во изјава за СДК.мк вели дека се чувствувал излажан од градоначалничката Данела Арсовска, која сесрдно ја поддржуваше во изборната кампања лани, тогаш нарекувајќи ја „прекрасна жена, жена-титан“ и ја бранеше од нападите на „клети луѓе и изроди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот