Саво Милошевиќ е нов селектор на Босна и Херцеговина

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Тоа што со денови се најавуваше, тоа сега е и официјално потврдено, Саво Милошевиќ е нов селектор на најдобрата фудбалска репрезентација на Босна и Херцеговина.

На седницата на Извршниот одбор, која почна во 11.00 часот, поранешниот српски репрезентативец ќе ги води Босанците во квалификациите за Европското првенство 2024.

БиХ моментно е на четвртото место со квалификациската група „Ј“ со шест бодови од шест натпревари и е далеку од учество на следниот континентален собир.

Милошевиќ доаѓа како наследник на Мехо Кодро кој само на два натпревари го водеше националниот тим во квалификациите, во поразот од Исланд (1:0) и победата над Лихтенштајн (2:1).

Претходно Милошевиќ соработуваше со Партизан и Олимпија од Љубљана, а со „црно-белите“ го освои Купот на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот