Саудиските документи осначени како строго доверлива тајна покажуваат дека атентаторите на Кашоги користеле компанија запленета од саудискиот престолонаследник

epa08087966 (FILE) - A protestor (L) wears a mask of Saudi Crown Prince Mohammad Bin Salman with a red painted hands while others hold images of Saudi journalist Jamal Khashoggi during a demonstration in front of Saudi Arabian consulate in Istanbul, Turkey, 25 October 2018 (reissued 23 December 2019). According to Saudi Arabian state media reports 23 December 2019, Saudi Arabia's public prosecutor said a total of five suspects have been sentenced to death by court in Riyadh in relation to the murder of Saudi journalist Jamal Khashoggi Khashoggi who was killed while visiting the Saudi consulate in Istanbul on 02 October 2018. Three others of a total of 11 suspects were given jail sentences totaling 24 years. EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Двата приватни авиони што ги користеше саудискиот тим за атентат и наводно го распарчи телото на новинарот Џамал Кашоги биле во сопственост на компанија запленета пред неполна година од моќниот престолонаследник Мохамед Бин Салман, според неодамнешните судски документи, објави Си-Ен-ЕН.

Документите, поднесени како дел од граѓанска тужба во Канада на почетокот на оваа година, беа означени како „Стого доверлива тајна“  беа потпишани од саудиски министер кој ги пренесе наредбите на престолонаследникот, де факто младиот владетел на Саудиска Арабија.

„Според упатствата на Неговото Височество Принцот Престолонаследник тие веднаш го одобруваат завршувањето на потребните процедури за ова“ стои во преводот на документите. 

Протест во Истанбул: Новинари и активисти бараат правда за Џамал Кашоги

Во извештајот се наведува дека сопственоста на компанијата „Ски прајм авијација“ е наложено да се пренесе во државниот фонд за богатство од 400 милијарди долари на крајот на 2017 година. Авионите на компанијата подоцна беа користени во убиството на Кашоги во октомври 2018 година.

Фондот за кралско суверено богатство, познат како Фонд за јавни инвестиции, е под контрола на саудиската круна и со него раководи престолонаследник, познат како МБС . Документите со кои се воспоставува врската помеѓу авионот и принцот беа поднесени од група компании во државна сопственост на Саудиска Арабија, како дел од тужбата за проневера што ја отворија во Канада минатиот месец против поранешниот највисок саудиски разузнавач Саад Ајабри.

Турското обвинителство подигна второ обвинение за убиството на новинарот Кашоги

Обвиненијата за проневера против Алабри следеа по тужбата поднесена минатата година во Вашингтон од окружниот суд против МБС. Ајабри го обвини престолонаследникот дека испратил некого да го убие во Канада само неколку дена по убиството на Кашоги. На МБС му била доставена покана преку ВатсАп, а во декември адвокатот на принцот побарал од судот да го отфрли случајот.

Доказите дека сопственоста на флотата на приватни авиони е пренесена на јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија не се пријавени претходно даваат друга врска помеѓу смртта на Кашоги и Мухамед Бин Салман. Во октомври 2018 година, кратко по убиството на Кашоги, „Волстрит журнал“, повикувајќи се на луѓе запознаени со оваа работа, објави дека авионите „Голфстрим“ што ги користеле убијците припаѓаат на компанија контролирана од МБС.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот