Протест во Истанбул: Новинари и активисти бараат правда за Џамал Кашоги

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Новинари и активисти за човекови права денеска повикаа на правда за саудискиот новинар Џамал Кашоги. Повикот е упатен на втората годишнина од бруталното убиство на колумнистот на „Вашингтон пост” во Конзулатот на неговата земја во Истанбул.

Десетици активисти се собраа кај спомен-обележјето поставено во чест на Кашоги во близина на зградата на саудискиот Конзулат во Истанбул. Активистите го осудија убиството на новинарот, што фрли сенка врз угледот на престолонаследникот Мохамед бин Салман и ја оценија како несоодветна кривичната постапка во Саудиска Арабија.

– Правдата сè уште не е остварена. Театарскиот суд заседава веќе две години. Сепак, на светот не му беа дадени детали за овој случај, изјави новинарот Туран Кислак, кој бил пријател на Кашоги.

Судот во Саудиска Арабија минатиот месец донесе правосилни пресуди, осудувајќи осум неименувани саудиски државјани за убиството на Кашоги во 2018 година. Пресудите на Кривичниот суд во Ријад следеа, откако синот на Кашоги, кој сè уште престојува во кралството, објави помилување со кое пет осудени лица биле поштедени од егзекуции.

Групите за заштита на човекови права и набљудувачите го критикуваа судењето, велејќи дека тоа се водело зад затворени врати и не било транспарентно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот