Сатлер: Се залагам за намалување на меѓународното присуство во БиХ

Шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ Јохан Сатлер денеска во Бања Лука  изјави дека ќе се залага за намалување на меѓународното присуство во БиХ, бидејќи тоа е некомпатибилно со членството на БиХ во Унијата.

Сатлер изјави пред новинарите дека последните најави за интересот на Германија за ситуацијата во БиХ се позитивни, бидејќи тие покажуваат силен ангажман на таа земја како една од главните членки на ЕУ.

Тој посочи дека во изминатите години, во БиХ има видлива поддршка во однос на евроинтеграциите, како и дека најголемиот процент граѓани поддржуваат членство во ЕУ

– Тоа е показател дека ЕУ е најреален партнер на БиХ, за што сведочи и досегашната поддршка на Европа за санирање на последиците од коронавирусот, рече Сатлер пред седеницата на Парламентарниот форум на БиХ за европска интеграција, кој се одржува во Националното собрание на Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот