САМО ВО РУСИЈА: Фудбалерот на месецот наградата ја доби преку дрон (ВИДЕО)

Руската Премиер лига идентично и на останатите европски фудбалски лиги не се игра од минатиот месец поради коронавирусот, а играчот на месецот сепак ја доби својата награда и тоа на невообичаен начин.

Бразилецот Малком кој на почетокот од сезоната за сума од 40 милиони евра дојде во Зенит од Барселона, е прогласен за фудбалер на месецот во руската Премиер лига.

Но, бидејќи во Русија на сила и вонредна состојба, клубот на Малком, Зенит, одлучи да му ја врачи наградата на својот играч на посебен начин, со дрон.

Малком добил телефонски повик и упатство да го отвори прозорот од својот дом по што во собата влегол дрон со наградата.
Вау! Ова е одлично. Им се заблагодарувам на сите навивачи на Зенит кои гласаа за мене. Многу сум среќен. Останете дома – рече Малком.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот