Само што објавија албум, а веќе подготвуваат нов – „The Killers“ повторно се вратија во студиото

Дали веќе имате своја омилена песна од најновото издание?
Само неколку дена по објавата на новиот албум, „The Killers “ пред себе имаат неверојатни реакции.
Нивното шесто студиско издание „Imploding The Mirage“ бендот го објави во петокот, а тоа следеше по албумот од 2017 година „Wonderful Wonderful“.
Меѓу десетте нови синглови се најдоа и сингловите „Caution“, „Fire In Bone“, „Dying Breed“ и „My Own Soul’s Warning“, која својот спот го доби на денот на излегувањето на самиот албум.
Иако само што го објавија својот нов албум „Imploding The Mirage“, „The Killers“ веќе зборуваат за ново издание, кое би можеле да го објават следната година.
Во разговор со „NME“ магазинот, фронтменот на бендот Брендон Флауерс, изјави дека бендот веќе работи на нов албум, и дека планираат да го објават на пролет во 2021 година.
– Знаете како велат музичарите? Секој пат кога ќе снимите нов албум, велат дека имаат 50 напишани песни и дека ќе објават нов албум. Ние навистина сакаме. Новиот материјал ќе го објавиме за околу 10 месеци. Веќе се вративме во студиото. Изработивме седум дена во студиото во Северна Калифорнија, изјави тој.
– По објавата на новиот албум обично се подготвуваме за турнеја, но со оглед на ситуацијата тоа нема да се случи, па токму затоа седнав и напишав нови песни, раскажа тој.