Само две состојки ги сочинуваат НАЈЗДРАВИТЕ БОМБИЦИ НА СВЕТОТ: Рецепт за ГРЧКИ ПОЈАДОК стар преку 6000 ГОДИНИ!

profimedia

Доволна ви е само една бомбица дневно, а овој рецепт постои веќе со векови.

Комбинацијата од мед и сусам содржи дури 182 елементи за човековото здравје, ја чисти крвта и го зајакнува имунитетот.

Големиот удел на антиоксиданти со кои изобилува го спречуваат развојот на рак и другите тешки болести.

Затоа, не не чуди што „пастелите“ се консумираат со векови, но необично е тоа што, во современото време, рецептот некаде се загубил.

Стар е повеќе од 6.000 години, се споменува дури и во хомеровата „Илијада“. Познат е и како грчки појадок, иако доаѓа од подрачјето на Грција, Египет и Блискиот исток.

Потребни состојки:

-300 грама мед
-300 грама паста од сусам

Пастата можете да ја направите со лесно истостиран сусам, со малку масло од сусам (на една шолјичка сусам ставете две лажици масло), и изблендирајте го во блендер додека да добиете фина смеса како путер.

Подготовка:

Добро помешајте ги состојките и направете од нив бомбици.
Бомбиците препелкајте gи во сусам и оставете ги во фрижидер да се стегнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот