Само девет милијардери во светот успеаја да го сочуваат своето богатство, сите се од иста држава

Првите два месеци од пандемијата го збриша богатството на милијардерите, создадено во последните две години.

Богатството на најбогатите 100 луѓе во светот бележи пад за 12,6 посто или 408 милијарди долари, што во просек е губиток од 75 милиони долари дневно.

Победник во првите два месеци од кризата предизвикана од коронавирусот е Кина, бидејќи нејзиниот пазар подобро се одржа и од американскиот и од европскиот.

Статистиките велат дека од 2.816 милијардери, колку во светот имало пред пандемијата, нивнот број се намалил за 20 проценти.

Во светските топ 100, само девет милијардери имаат зголемување на своето богатство во услови на пандемиската криза, и сите се од Кина.

Ерик Јуан Зенг со сопругата / Фото: Sipa USA / ddp USA / Profimedia

Профит од 3,5 милијарди американски долари забележа милијардерот Ерик Јуан Зенг со видео конференциската платформа „Зум“. Повеќе од три милијарди долари профитираа и сопружниците Квин Јинглин и Квиан Јинг, производители на свинско месо.

Алекс Ксу Ханг кој е производител на респиратори и друга медицинска електронска опрема забележал профит од 2,8 милијарди долари.

На оваа ранг листа четвртото место го зазема сопственикот на сточарско земјоделскиот производствен гигант „Њу Хоуп“ кој инкасираше 2,5 милијарди долари за време на пандемијата. Слична бројка на заработка има и производителот на пластика „Хаитиан“ и сопственикот Панг Канг.

Џек Ма, сопственик на „Алибаба“ / Фото: EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Најбогатиот кинески двоец и натаму е основачот на „Алибаба“ Џек Ма и Пони Ма, во чија сопственост е компанијата „Тецента“.

Кина на својата листа на најбогати, додаде имиња на уште шест милијардери, додека Индија загуби тројца, а САД двајца милијардера од листата најбогати во светот.

Сопственикот на ,,Амазон”, Џеф Безос и натаму останува прв на листата најбогати со 131 милијарда и загуба од 9 милијарди за време на пандемијата на Ковид 19.

Бернар Арно, сопственик на LVMH / ФОТО: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Најголем губитник во пандемиската криза е сопственикот на луксузни брендови (LVMH), Бернар Арно, кој загуби 30 милијарди долари. Втор на листата губитници е индискиот бизнисмен и сопственик на „Релајнс“, Мукеш Амбани, кој во кризата загуби 19 милијарди, еднаква загуба како и онаа на американскиот инвеститор Ворен Бафет.

Бил Гејтс / Фото: PA-EFE/PETER FOLEY

Основачот на „Микрософт“, Бил Гејтс, загуби 15 милијарди долари, Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук 13 милијарди, а газдите на Гугл, Пејџ и Брин по 13 и 12,5 милиони долари.

Лери Пејџ и Сергеј Брин, сопственици на Гугл / Фото: EPA/BORIS ROESSLER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот