Само бод за Вардар, Работнички „закован“ на дното!

facebook.com/fcrabotnicki

Новајлијата оваа сезона Борец на домашен терен во рамките од 10 коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ) го совлада Шкупи со 2:1, најпрвин поведе тимот од Чаир во 23 минута со погодокот на Јурина.

Пет минути подоцна израмнија велешани преку Христов, а трите бода за голема радост на домаќините ги донесе хрватскиот интернационалец Прелчец (90+2). Вардар освои само бод на гостувањето кај Македонија ЃП (1:1), двата голови беа реализирани во текот на првото полувреме на стадионот во Ѓорче Петров.

Аврамовски се погрижи за водство на „црвено-црните“ (46. минута), а Јашароски им донесе бод на „лавовите“ од Ѓорче (67. минута).

Потоа Работнички беше непријатно изненаден пред своите навивачи со 1:2 поразен од Струга Трим Лум.  Поведоа стружани во 10. минута со голот на Цаке, па израмни Тошевски (52), а Османи во 73 минута го постави конечниот епилог.

Силекс беше убедлив против Ренова (3:0), двапати во листата на стрелците се запиша Додев (83/90+2), а еднаш Благојевиќ (68). Во петокот Академија Пандев славеше минимално против актуелниот бранител на титулата во шампионатот, Шкендија.

На табелата на делба на првото место по 21 бод се Вардар и Академија Пандев, трета е екипата на Македонија ЃП (16). Следуваат Шкупи и Ренова со по 13 бодови, 12 има Силекс, по 11 Шкендија, Струга Трим Лум и Борец, а на самото дно падна Работнички (10) после својот шести пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот