Гимназијата „7 Март“ во Тетово / Фото: Фејсбук

Само 22 ученици се запишале во гимназијата „7 Март“ во Тетово, каде има настава само на албански јазик

Во гимназијата „7 Март“ во Тетово, во двата уписни рокови се запишале само 22 ученици, додека третиот рок е на 21 август. Од ова училиште очекуваат бројот на ученици да се зголеми за да се пополнат осумте паралелки, земајќи го предвид фактот дека и бројот на поени е намален од 60 на 50.

Гимназијата беше отворена пред неколку години како училиште во кое наставата се одвива само на албански јазик. 7 март е денот на кој е отворено првото секуларно училиште на албански јазик во Корча во 1887 година.

Во централната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и во Средното медицинското училиште „Никола Штејн“ предвидениот број на ученици е веќе пополнет, пишува ТВ „21“.

-Врз основа на дозволените поени, кои се намалија од 60 на 50, бројот малку се зголеми. Се надевам дека во августовскиот рок, односно на 21 август, тој број ќе порасне и ќе имаме значителен број ученици, со што нашето училиште ќе може да функционира со планираните паралелки – осум паралелки. Сметам дека минимум треба да имаме по 20 ученици во паралелка, и мислам дека тоа е минимален услов и за нас да функционираме како и сите други училишта, изјави за ТВ „21“ Исмаил Влаши, директор на гимназијата „7 Март“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот