САМАРЏИСКИ: Ова ми е прва шампионска титула како татко!

www.mztskopjeaerodrom.mk

Веднаш после мечот за „Слободен печат“ говореше центарот на МЗТ Скопје, Предраг Самарџиски кој вели дека подолгата клупа го реши денешниот меч.

Самарџиски за нешто над 17 минути игра на паркетот во СЦ „Јане Сандански“ имаше пет поени, четири скока и една асистенција.

– Мислам дека сите беа свесни пред почетокот на финалето дека квалитетот е на наша страна. Тоа и го покажавме, меѓутоа би им подал рака на играчите на Работнички кои имаа проблеми со повреди во текот на финалето. Но, тие на секој натпревар излегуваа и се бореа максимално, не се предаваа, баш онака спортски, мотивирано дури и вечерва дојдоа со намера да ја вратат серијата дома. На крајот успеавме повторно со подолга клупа, ротација да го решиме натпреварот во наша полза – ни изјави Самарџиски после натпреварот.

www.mztskopjeaerodrom.mk

Воедно упатува и пофалби со верните навивачи „Фемили“, кои непрекинато ја даваа поддршката од трибините, а оваа титула исто така му е посебно драга, еве и зошто:

– Навивачите се секогаш наш шести играч, се знае за Фемили, нема што да се потенцира, би им ја посветил оваа титула на нив, како и на мојата ќерка која има една година, па така ова ми е прва шампионска титула како татко – додаде центарот на МЗТ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот