МЗТ Скопје ја врати титулата во Аеродром

mztskopjeaerodrom

МЗТ Скопје повторно е кошаркарски владетел во Македонија. „Металците“ со чисти 3:0 во победи, го совладаа сега веќе поранешниот шампион и најголем ривал во домашниот шампионат, Работнички. МЗТ Скопје ја искористи првата меч топка и пред своите навивачи триумфира со 85:78.

Работнички иако беше десеткуван поради повредите, недостасуваа Мираковски, Караџовски и Николовски, кои се дел од почетната петорка, скапо ја продаде кожата. Домашните кошаркари уште во првата четвртина дојде до двоцифрена предност (26:16) но одговорот дојде експредно, со серија од 8:0 Работнички се врати во резултатска неизвесност.

Иако недостатокот на кошаркари во ротацијата претставува голем проблем за Марин Докузовски, неговите кошаркари одиграа фантастична втора четвртина која ја решија во своја корист со 17:30.

Заморот кај кошаркарите на Работнички почна да се чувствува во второто полувреме, „металците“ заиграа поагресивно во одбраната и тоа резултираше со серија 16:4 за враќање во водство (62:58), а во последната четвртина конечно го скршија отпорот на Работнички за победа од 85:78 и чисти 3:0 во победи со кои по седми пат во последните осум години ја освојуваат титулата. За МВП на финалната серија е прогласен македонскиот репрезентативец Дамјан Стојановски.

Иве Иванов со 23 поени беше најдобар на оваа средба, Медфорд постигна 16 поени, а Дамјан Стојановски 12. Кај Работнички најефикасни беа Чековски и Костов со по 17 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот