Салата со цвекло и портокал

фото: Инстаграм

Освежителна и лесна за јадење, оваа салата може да ви послужи и како оброк, ако ја искомбинирате со препечено  лепче. Или пак можете да ја послужите како  додаток  со некое убаво јадење.

Состојки:
– 3 главици цвекло
– 1 црвена марула
– 2 китки дива рукола
– 4 топки моцарела
– 2 големи портокали
За преливот:
– 3 лажици јаболков оцет
–  6 лажици маслиново масло
– 2 лажици сок од портокал
– малку рендана кора од портокал
– 2 лажички мед
– 1 лажичка сенф
– сол

Подготовка:
Цвеклото исечете го  на кругови, прободете ги со виљушка на неколку места и ставете ги во тава наполнета со мала количина вода. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете 40 минути во загреана рерна на 150 степени.

Одвреме-навреме проверувајте го цвеклото колку е омекнато, бидејќи многу меко цвекло може да биде кашесто за сервирање и јадење. За тоа време ставете ги во тегла состојките потребни за преливот, затворете ја со капак и протресете да се измешаат состојките. Откако круговите цвекло ќе се испечат, префрлете ги во чинија и полејте ги со дел од преливот.

Руколата и марулата измиени и искинати на покрупни парчиња прелејте ги со преливот и измешајте ги. Во чинии за сервирање прво наредете го цвеклото, над него зачинета рукола и марула.  Топката моцарела раскинете ја со раце, додајте кругови лупен портокал и прелејте со остаток од преливот.

Ако ја подготвувате оваа салата во сезона на калинки, можете да прошарате и со неколку семки од калинка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот