„Сакавме промена“: Јован Јованов отворено за разводот со Николина

Познатиот македонски композитор и продуцент Јован Јованов, кој веќе со години живее и работи во Канада, гостуваше во поткастот „Равенка за успех“.

Во искрено интервју, тој подетално проговори за односот со неговата поранешна сопруга Николина и како успеале да го зачуваат коректниот и професионален однос и по разделбата.

Иако патиштата им се разидоа во приватниот живот, Јованов открива дека тие сè уште соработуваат и дека клучот за нивниот мирен развод бил токму взаемниот договор и зрелоста.

„Па да, успеавме. Тоа е, сега што ќе правиш, знаеш, ништо не е вечно. Добро е што се разбравме. Види, знаеш кога е проблем во еден брак и една врска? Ако едниот сака, а другиот не сака — тогаш е проблем. Ако двајцата сакаат или двајцата не сакаат, тогаш нема проблем, тогаш се наоѓа компромис многу лесно“, вели Јованов во својата изјава.

Јован објаснува дека процесот поминал без тензии и разделбата дошла природно како резултат на желбата за поинаков животен правец. Како зрели родители, нивен најголем приоритет останува нивната ќерка.

„Кај нас беше така, мислам дека беше лесно некако, ете така, со тек на годините сакавме некоја промена и си продолживме. Имаме и дете, сè нормално. Разведени родители знаат дека колку-толку мораш и поради детето да се гледаш. Но ние немавме некои од тие проблеми, да сакаме сега… едниот од нас да сака да сме заедно, а другиот не. Ние и двајцата рековме: ‘Е, ајде’, и тоа е тоа“, рече Јованов, кој заедно со Елвир Мекиќ на 6 јуни ќе одржи концерт во Скопје.

Тој со поранешната сопруга во Канада има студио кое го изнајмуваат за снимање спотови и фотосесии, а работи и како музички продуцент.

Јованов рече дека цивилизираниот развод е можен и нагласи дека пријателската и професионалната врска со Николина продолжува да функционира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот