Сакате еден месец бесплатен одмор на грчки остров? Ова е условот што мора да го исполните
Одмарање по цел ден без ништо да се прави, освен да се играте, да храните и генерално да разгалувате мачки е прималмило, но можноста да се направи тоа на грчки остров, во лето, и тоа бесплатно е вистинска премија.
Препорачано
Грчкиот остров Сирос бара волонтери за работа во засолниште за мачки во замена за бесплатно сместување. Од избраните кандидати ќе се бара да се посветат на пет часа работа дневно, пет дена во неделата, директно грижејќи се за мачките, во замена за бесплатно сместување, платени комунални услуги и појадок, пренесува „Тајм аут“.
Волонтерите во засолништето на островот Сирос ќе бидат одговорни за чистење, хранење, социјализирање на млади спасени мачки и „галење мачиња“.
Засолништето за мачки во Сирос постои од 1990-тите и се смета за еден од пионерите на денешното движење за заштита на животните на островот. Тие бараат „физички способни, зрели, здрави и независни“ луѓе кои се подготвени да останат најмалку еден месец и да помогнат во работата.
Примарната мисија на засолништето е да ја контролира популацијата на невдомени мачки преку програма ТНР (хумана стерилизација), да го следи нивното здравје, да обезбедува ветеринарна грижа кога е потребно и редовно да ги храни.
Благодарение на работата на „Сирос кетс“ и „Годс лилт пипл кет рескју“, односот меѓу мачките и локалното население се промени од непријателство во меѓусебно почитување, а островот сега гордо ја прифаќа својата популација на мачки како симбол на идентитет.
– Сакаме да му покажеме на светот дека животните се важни. Начинот на кој се однесуваме кон нив одразува дел од нашата сопствена човечност – изјавил за Ричард Буел, коосновач на „Годс лилт пипл кет рескју“.
Апликациите за претстојната летна сезона веќе се затворени, но ако сакате да се вклучите во 2027 година, процесот на аплицирање треба да се отвори повторно на есен. Следете ја официјалната веб-страница на „Сирос кетс“ или пријавете се за нивниот билтен.
Кикладскиот остров Сирос стана глобален симбол на грижата за животните, дом на две реномирани засолништа за мачки кои со децении ја трансформираат некогаш безнадежната тешка положба на уличните мачки во пример за сочувство и одговорност.
Додека многу грчки острови се познати по своите живописни популации на мачки, Сирос се издвојува по организираната и неуморна работа на организациите.


