Сакате да ги отстраните вештачките трепки, а салоните не работат? Еве што можете да направите во домот!

Екстензиите за трепките станаа многу популарни во последно време, а можат да траат и до 6 недели.

Доколку сте направиле надоградба на трепките пред да бидат прогласени мерките за домашна изолација, не се грижите.

Отстранувањето иако го прави стручно лице во салон користејќи специјални пинцети и алатки, тие целосно е можно да се отстранат и во домот.

Експертите за убавина советуваат да се обидете да ги извадите со пареа, никако со пинцети бидејќи можете да ги извадите и вашите природни трепки. Значи најдобро е да се обидете со пареа, бидејќи лепакот за трепки е чувствителен на неа.

Па затоа направете си топла купка, или пак доколку имате уред за парење на лицето, помогнете си со него. Измијте го лицето и очите со потопла вода, нежно протријте ги трепките со топлина. Можете да го испарите лицето и врз тенџере кое сте го ставиле на рингла на оган, а во кое сте ставиле малку вода и чај од камилица, така воедно и ќе го освежите вашот изглед.

Бидете внимателни со пареата да не го изгорите лицето. Не ги тегнете на сила вештачките трепки, туку постапката повторете ја неколку пати во денот. Доколку не ви успее, без грижа, потребно е малку да почекате екстензиите сами да паднат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот