Сагата продолжува – Погледнете го застрашувачкиот трејлер за серијата „The Haunting of Bly Manor” (ФОТО)

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Иако втората сезона е приказна за себе (не ја продолжува приказната од првата), одделни актери ќе ги репризираат своите улоги…

По многу успешната прва сезона на хорор серијата, „The Haunting of Hill House“, Нетфликс го носи и нејзиното продолжение, но под називот „The Haunting of Bly Manor“, а Мајк Фланаган се враќа да го режира и овој дел.

Иако другата сезона е приказна за себе, односно не ја продолжува приказната од првата сезона, одделни актери ќе ги репризираат своите улоги, како што се Викторија Педрети, Оливер Џексон -Коен, Хенри Томас и Кејт Сигел.

Тизер трејлерот за „The Haunting of Bly Manor“ е направен така што носи идеална доза на страв, љубопитност и предизвик. Приказната е сместена на имотот на една огромна мистична куќа, а воведните сцени се проткаени со неверојатната нова врзија на песната „Willow Waly”, која Исла Камерон ја пееше во „The Innocents“ хорор класиката со Дебора Кер од 1961 година.

Сцените во трејлерот стануваат морничави кога ќе се прикаже Викторија Педрети, која ја глуми Дани и која оди во подрумот полн со кукли, нормално нешто чудно се случува кога Дани ќе се качи по скалите и ќе се врати во горната просторија…

Премиерата на серијата е закажана за 9 октомври на Нетфликс. Погледнете го тизер трејлерот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот