Саем на креативци во Скопје – 3D принтери, роботика и програмирање

Првиот „Мини саем на креативци” (Mini Maker Faire) денеска од 10 до 19 часот ќе се одржува на паркингот на Вип арената „Борис Трајковски” во Скопје. 

Организатори на саемот се Амбасадата на САД и Aмериканските катчиња во нашата држава во соработка со Општина Карпош. 

Според организаторите, овој мини саем претставува фестивал на иновативност, креативност и талент, на кој ќе учествуваат ентузијасти, занаетчии, едукатори, инженери, научни клубови, автори, уметници, студенти и луѓе од бизнисот од цела држава.

На саемот ќе има практични демонстрации и работилници, вклучувајќи 3D принтери, роботика, компјутерско програмирање и занаетчиска работа.

Првиот „Maker Faire” се оддржа во Калифорнија во 2006. Оттогаш се проширил низ целиот свет и денес се организираат повеќе од 200 вакви настани годишно. Првиот „Maker Faire” во нашата држава се оддржа минатата година во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот